свет

Негирање на тврдењата дека „турските војници отвориле оган врз руските авиони во Идлиб“

- Изворите нагласија дека не се точни вестите дека елементите на Турските вооружени сили кои се наоѓаат во Зоната за деескалација во Идлиб за осигурување на примирјето, ги таргетирале руските воени авиони

Sarp Özer  | 27.02.2020 - Обновена : 28.02.2020
Негирање на тврдењата дека „турските војници отвориле оган врз руските авиони во Идлиб“

АНКАРА (АА) - Во врска со тврдењата дека „елементите на Турските вооружени сили отвориле оган врз руските војници и руските авиони во Идлиб“, се вели дека овие тврдења не се точни и дека турските војници во ниту еден случај не ги таргетирале руските војници и руските авиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Некои руските медиуми тврда дека „турската Војска отворила оган врз руските авиони во Идлиб“.

Одговорејќи на прашањето на новинарот на АА, безбедносни извори остро ги негираа овие тврдења.

Изворите нагласија дека не се точни вестите дека елементите на Турските вооружени сили кои се наоѓаат во Зоната за деескалација во Идлиб за осигурување на примирјето, ги таргетирале руските воени авиони.

Овие извори за кои станува збор истакнаа дека турските војници во ниту еден случај не ги таргетирале руските војници и руските авиони.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın