Sarp Özer
27 Јуни 2019•Ажурирај: 28 Јуни 2019
БРИСЕЛ (АА) - Министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар, денеска во Брисел изјави дека обидот за оддалечување на Турција од програмата за воените авиони F-35 ќе ја намали одбранбената способност на НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, Акар разговараше со американскиот колега Марк Еспер и со специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави (САД) за Сирија, Џејмс Џефри.
Одговорајќи на прашањата на новинарот на АА, Акар порача дека набавката на рускиот систем за противвоздушна одбрана S-400 е веќе завршена работа.
Турскиот министер предупреди и дека обидот на оддалечување на Турција од програмата F-35 не е во интерес на Турција, и дека не е ниту во интерес на НАТО.
„Турција не е само купувач на авионите F-35, Турција е еден од инвеститорите и партнерите“, појасни Акар и додаде дека се работи за еден деловен договор од кој произлегуваат правата на Турција, кои ќе ги брани до крајот.