Abdullah Aşıran
27 Јуни 2019•Ажурирај: 28 Јуни 2019
ХАГ (АА) - Европската полициска агенција (Европол) соопшти дека бројот на пријавени кривични дела извршени од страна на терористичката организација ПКК против турските институции, џамии и продавници во Германија, е во сериозен пораст, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во веб-порталот на Европол објавен е извештајот за „Состојбата за тероризмот во Европската Унија и трендот за 2019 година“.
„Има значително зголемување на бројот на кривични дела против турските институции, џамии и продавници во Германија“, се вели во извештајот.
- ПКК и екстремната левица соработуваат -
Во извештајот, нападите во Германија се опишуваат како чин на одмазда за операциите на Турција водени во Африн во 2018 година. Исто така, во извештајот се посветува внимание и на соработката помеѓу ПКК и екстремните левичарски групи.
Во извештајот се нагласува дека во земјите од Европската Унија (ЕУ), врската и солидарноста меѓу левичарските групи и терористичката организација ПКК се зајакнува и дека екстремните левичарски групи, учествувајќи во активностите на терористичката организација ПКК, ѝ даваат поддршка.
- Во Европа се собираат пари за терористичката организација ПКК -
Во извештајот се нагласува дека припадниците на ПКК и нивните симпатизери во Европа собираат членарини, продаваат публикации и дека ПКК со сила собира пари од курдските бизнисмени. Во тој контекст, минатата година белгискиот суд осуди четири лица.
Понатаму се вели дека терористичката организација ПКК обезбедува логистичка и финансиска поддршка за нејзините ограноци во Сирија.
Во извештајот, исто така, се нагласува дека припадниците на ПКК се вклучени во криминал, трговија со дрога, трговија со луѓе, криумчарење на мигранти и перење пари.