Ata Ufuk Şeker
27 Јуни 2019•Ажурирај: 28 Јуни 2019
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) донесе одлука за уште шест месеци да се продолжат економските санкции против Русија со образложение дека ја дестабилизира Украина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Европскиот совет соопшти дека до 31 јануари 2020 година се продолжени економските санкции кои ЕУ ги спроведува против Русија поради дестабилизирањето на Украина. Според тоа, 28 земји членки на ЕУ не ќе можат да ѝ продаваат оружје на Русија.
Со овие санкции, се ограничува Русија да купи одредена технологија која ќе се користи во секторот за нафта и гас.
Исто така, руските државни банки ќе бидат отстранети од финансискиот сектор во Европа. Санкциите кои вклучуваат ограничувања, особено во трговијата и инвестициите, се обновуваат на секои шест месеци.
Русија во март 2014 година на илегален начин ги анектираше Крим и Севастопол.
По руската анексија на Крим и настаните во источниот дел на Украина, ЕУ, САД и некои земји почнаа да спроведуваат санкции против Русија.
ЕУ за првпат во 2014 година донесе одлука за воведување економски санкции против Русија.