свет

Азербејџанскиот претседател Алијев: „За жителите на градот Барда ќе се одмаздиме на бојното поле“

„Посакувам божја милост за оние што ги загубија своите животи во ракетниот напад на Ерменските вооружени сили во Барда.

Ruslan Rehimov  | 28.10.2020 - Обновена : 28.10.2020
Азербејџанскиот претседател Алијев: „За жителите на градот Барда ќе се одмаздиме на бојното поле“

БАКУ (АА) - Азербејџанскиот претседател, Илхам Алијев, истакна дека Азербејџан ќе се одмазди на бојното поле за жителите на градот Барда, што ги загубија животите во ерменскот напад, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Претседателот Алијев од неговиот профил на Твитер напиша: „Посакувам божја милост за оние што ги загубија своите животи во ракетниот напад на Ерменските вооружени сили во Барда. Исто така, изразувам сочувство до нивните семејства, а на повредените им посакувам брзо оздравување. Ќе се одмаздиме за жителите на Барда и на окупаторите ќе им се даде потребниот одговор на бојното поле.“

Во нападот на Ерменија со касетна бомба врз центарот на градот Берде во Азербејџан животот го загубија 21 цивил, а повредени се 70 лица.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.