Ruslan Rehimov
28 Октомври 2020•Ажурирај: 29 Октомври 2020
БАРДА
Во нападот на Ерменија извршен со кластерна бомба во центарот на азербејџанскиот град Берде загинаа 21 цивил, додека повредени се 70 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Азербејџанскиот претседател Алијев: „За жителите на градот Барда ќе се одмаздиме на бојното поле“
Бомбата лансирана од териториите на Ерменија падна во центарот на градот Берде, што се наоѓа надвор од окупираниот Нагорно Карабах.
Според писменото соопштение на Главното обвинителство на Азербејџан во врска со овој напад, со кластерна бомба е извршен напад во центарот на чаршијата во градот Берде.
Во соопштението се нагласува дека во овој напад животот го загубиле 21 цивил, додека 70 лица се повредени.
Кластерните бомби паднаа врз домовите, возилата и деловните простори на цивилите, што се наоѓаат во најфреквентните две зони во Берде.
Како резултат на нападот, некои домови и деловни простории претрпеа сериозна штета, додека најмалку 7 возила се во неупотреблива состојба.
Противпожарните служби се упатија на местото на настанот, каде што го изгаснаа пожарот предизвикан од експлодирањето на бомбите.
Во градот се преземени интензивни безбедносни мерки против можен втор напад, а голем број продавници се затворени, вклучувајќи ги сите кафулиња и ресторани.
Повредените цивили се пренесени во државната болница во Берде, додека цивилите кои загинаа на самото место или починаа во болница се пренесени во капела.
Голем број жители на Берде, кои дознале дека во нападот загинале нивни блиски, се собраа пред болницата.
Лејла Мустафејева доживеала шок откако дозна дека нејзината мајка загинала.
„Бев дома. Мајка ми излезе надвор. Одеднаш се слушна експлозија. Не ја видов мојата мајка. Моментално е во капела. Останав без мајка“, рече Мустафејева во изјавата за АА.