Ertuğrul Subaşı
27 Јули 2021•Ажурирај: 28 Јули 2021
БАКУ (АА) - Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, го прими на средба претседателот на Големото народно собрание на Турција (ТБММ), Мустафа Шентоп, јавува Агенција Анадолија (АА).
Средбата се одржа во палатата „Загулба“, траеше околу половина час и беше затворена за медиумите.
На средбата Шентоп беше придружуван од страна на делегацијата на Парламентот, што заедно со него е во посета на Азербејџан.