Emre Gürkan Abay
30 Октомври 2020•Ажурирај: 01 Ноември 2020
БАКУ (АА) - Азербејџанската војска спаси уште девет села од окупацијата на Ерменија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку објава на Твитер ја потврди претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев.
„Победничката војска на Азербејџан од окупација ги спаси селата Худавердили, Курбантепе, Шахвеледли и Хубјарли во близина на градот Џебраил, селата Аладин и Вечнели во близина на градот Зенгилан, како и селата Кавдадик, Мемер и Молали околу градот Кубадли. Нека живее војската на Азербејџан! Карабах е на Азербејџан!“, напиша тој.
Инаку, азербејџанската војска во рамки на операцијата која ја започна на 27 септември во Нагорно Карабах, од ерменска окупација спаси четири центри на градови, три гратчиња, околу 190 села и некои важни позиции.