Mustafa Deveci
30 Октомври 2020•Ажурирај: 01 Ноември 2020
Палестинците денеска во окупираниот Источен Ерусалим (Источен Кудс) протестираа поради исламофобните и антиисламски изјави на францускиот претседател Емануел Макрон, јавува Агенција Анадолија (АА).
Демонстрантите ги започнаа протестите во комплексот „Ал Акса“, и тоа откако ја извршија петочната молитва (џума-намаз). Порачаа дека е неприфатлива антиисламската политика на државниот врв на Франција и одобрувањето на објавувањето на навредливите карикатури на божјиот пратеник Мухамед.
Потоа демонстрантите од комплексот „Ал Акса“ тргнаа кон центарот на Стариот Град, а во тоа ги спречи израелската полиција која постави барикади на улиците.
Израелската полиција и утринава поставуваше барикади и се обиде да го спречи масовното собирање на Палестинците во „Ал Акса“, но тие успеаја да ја совладаат барикадата на портата Дамаск и да влезат во светиот храм во кој ја извршија петочната молитва.