Ruslan Rehimov
02 Октомври 2020•Ажурирај: 03 Октомври 2020
БАКУ (АА) - Азербејџанската војска презеде контрола над одредени стратешки ридови во регионот Мадагиз, во окупираната покраина Агдере, во операциите што ги започна за ослободување на својата територија, јавува Агенција Анадолија (AA).
Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека судирите на различни страни на фронтот продолжиле цела ноќ.
Се додава дека азербејџанската војска го скршила отпорот на ерменските сили во правец на Џебраил-Фузули и ги принудила да се повлечат. Се наведува и дека азербејџанските сили под контрола ја држат и ситуацијата во правец на планината Муров.
Во судирите што продолжија во текот на ноќта неутрализирани се пет оклопни возила на ерменската војска и голем број нејзини војници.
Во соопштението се наведува дека доброволците што се донесени од Ерменија во окупираните региони, одбиле да учествуваат во судирите.
Ерменските сили во неделата утрото започнаа нови напади врз азербејџанските населби и позиции, а азербејџанските сили одговорија со напади врз ерменските позиции.
Ерменските власти потоа прогласија општа мобилизација и воена состојба поради судирите во регионот Нагорно Карабах, а и властите на Азербејџан исто така прогласија воена состојба за 19 подрачја, вклучувајќи го и главниот град Баку. Од 1991 година, ерменската војска незаконски го окупира Нагорно Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан.
Четири резолуции на Советот за безбедност на ОН и две резолуции на Генералното собрание на ОН, како и многу меѓународни организации, бараат повлекување на окупаторските ерменски сили од Нагорно Карабах и од седум други окупирани азербејџански региони.