Kasım İleri
02 Октомври 2020•Ажурирај: 07 Октомври 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Според Годишниот извештај за самоубиства, кој го подготви американското Министерство за одбрана (Пентагон), 498 војници на американската војска извршиле самоубиство во 2019 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во извештајот се наведува дека 344 војници кои извршиле самоубиство биле активни, а 154 биле од резервистите и Националната гарда.
Наведено е исто така дека 142 активни војници кои извршиле самоубиство им припаѓале на копнените сили, 83 на воздухопловството, 72 на морнарицата и 47 на морнаричкиот корпус.
Во извештајот, во кој се истакнува дека 326 војници извршиле самоубиство во 2018 година, забележано е дека таа бројка во 2017 година изнесувала 287.