Ruslan Rehimov
19 Септември 2022•Ажурирај: 20 Септември 2022
БАКУ (АА) - Азербејџан ѝ врачи нота на Франција за нападот на ерменските демонстранти врз Азербејџанската амбасада во Париз, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Азербејџан, соопштено е дека Закари Грос, амбасадор на Франција во Баку, бил повикан во Министерството и дека дадена му е нота за нападот на Амбасадата во Париз.
Заменик-министерот за надворешни работи, Халеф Халефов, кој го прими амбасадорот Грос, рече дека нападот врз Амбасадата во Париз е јасно и грубо кршење на француските закони и меѓународните правни норми.
Истакнувајќи дека во нападот има оштетувања на зградата на Амбасадата и дека претставувал закана за активностите на дипломатската мисија и животите на вработените, Халефов додаде дека даден е приговор за нападот на радикалните ерменски групи бидејќи не бил навремено спречен.
Халефов, истакнувајќи дека бара да се истражат сите аспекти на нападот и криминалците да бидат изведени пред лицето на правдата, рече дека бара отштета за штетата направена на зградата на Амбасадата.
Амбасадорот Грос, наведувајќи дека лажат за нападот, нагласи дека ќе бидат преземени неопходни чекори за правно оценување на инцидентот во согласност со барањето на Азербејџан.