Ruslan Rehimov
27 Декември 2016•Ажурирај: 28 Декември 2016
БАКУ (АА) - Во градот Сангачал, на околу 50 километри од Баку, главниот град на Азербејџан, денес дојде до експлозија на гасоводот, јавува Anadolu Agency (AA).
Државната нафтена компанија (СОКАР) соопшти дека од засега непознати причини, дошло до експлозија на дел од гасоводот во малото место Сангачал. Во експлозијата нема загинати.
Од Министерството за вонредни ситуации на Азербејџан информираат дека силите за безбедност и противпожарните екипи пристигнале на местото на експлозијата, и дека е во тек гасењето на пожарот.