Ömer Koparan
12 Април 2018•Ажурирај: 12 Април 2018
АЗАЗ/АНКАРА (АА) - Во бомбашки напад извршен во близина на зградата на Градскиот совет во Азаз на северниот дел на Сирија, ранети се десет лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Азаз е град на северниот дел на Сирија кој е контролиран од опозицијата, а нападот е извршен со помош на автомобилот на кој била монтирана бомба.
Новинарот на АА од Азаз јавува дека нападот се случил околу 25 метри од зградата на локалниот Совет. Ранети се десет лица, меѓу кои едно се наоѓа во тешка здравствена состојба.
Началникот на полицијата на Азаз, Ахмет Зејдан, изјави дека во околината се преземани опсежни безбедносни мерки. Сѐ уште никој не презеде одговорност за нападот.