Emre Aytekin
03 Јуни 2021•Ажурирај: 04 Јуни 2021
АНКАРА
Поранешната администрација на американскиот претседател Доналд Трамп собирала податоци за телефонските повици и имејл-преписките на четворица новинари од „Њујорк тајмс“ (New York Tames) во 2017 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во известувањето кое Министерството за правосудство на САД го испрати на американскиот весник е наведено дека обвинителите во рамките на истрагата спроведена во 2020 година, со одлуката на судот ги собрале записите од состаноците и преписките на новинарите на „Њујорк тајмс“: Мат Апузо, Адам Голдмен, Ерик Лихтблау и Мајкл Ш. Шмит во периодот од 14 јануари до 30 април 2017 година“, наведува „Њујорк тајмс“.
Наведено е дека обвинителите ја испитале целокупната содржина на телефонските повици и само делумните податоци на имејл-преписките и дека евиденцијата не се водела во архивата на Министерството.
Наведено е дека евиденциите се испитани во врска со истрагата спроведена во 2020 година, но не се споделени информации за предметот на истрагата.
Главниот уредник на „Њујорк тајмс“, Дин Бакер, во изјавата го осудил однесувањето на администрацијата на Трамп.
„Одземањето на телефонските записи на новинарите ги нагризува темелите на слободните медиуми. Ова е закана дека ќе се замолчат изворите на кои се потпираме за да го исполниме правото на јавноста на информациите за владините постапки“, порача Бекет.