Агенција Анадолија со документарец „Сијачен: Третиот Пол“
АА беше прв меѓународен медиум кој реализираше снимки во регионот, при што ги снимаше војниците кои служат во тешки услови
Emre Aytekin
29 Јануари 2020•Ажурирај: 30 Јануари 2020
АНКАРА (АА) – Агенција Анадолија (АА) подготви документарен филм што се фокусира на борбата за сувереност на глечерот Сијачен, кој се наоѓа во источниот дел на планините Каракорум меѓу териториите на Пакистан, Индија и Кина, којшто исто така е познат како „највисокото бојно поле во светот“.
Во документарецот наречен „Сијачен: Третиот Пол“ (Siachen: Third Pole) објавен на каналот на АА на англиски јазик на „Јутуб“, се вклучени впечатоците на екипата на АА, која во септември 2019 година ги посети камповите на пакистанската Војска во регионот, како и информациите во врска со позадината на воените тензии во регионот.
Во документарниот филм се вклучени снимки од Меѓународниот камп за пешачење и експедиција на височина (IHEC), од местото Конкордија и другите зони контролирани од страна на пакистанската Војска, што се наоѓаат во подрачјето на глечерот Балторо, во делот на Сијачен контролиран од страна на Пакистан, што го снимаше екипата на АА.
АА беше прв меѓународен медиум кој реализираше снимки во регионот, при што ги снимаше војниците кои служат во тешки услови.
Во регионот што ги поседува најголемите глечери во светот по Антарктикот, глечерот долг 76 километри во Сијачен е изложен на борбата за сувереност меѓу Пакистан и Индија.
Војските на двете земји во подрачјата близу нивните граници посакуваат да ги поддржат наводите за сувереност, вршејќи извиднички и патролни активности. Во конфронтацијата што продолжува од 1984 година, војниците најмногу се соочуваат со тешките временски и природни услови отколку со нивните противници.
- Борба за сувереност на мраз
Во документарецот се осврнува на причините за воената конфронтација, а вклучени се мислењата на пензионираните генерали од Индија и Пакистан.
Границите на примирјето од 1948 година меѓу Индија и Пакистан, коишто започнаа војна откако станаа независни од Обединетото Кралство, беа поставени во регионот на Џаму и Кашмир, кој е под надзор на ОН.
Глечерот Сијачен остана како регион што не е под контрола на ниту една страна.
Војската на Индија во 1984 година испрати единици во регионот преку операцијата „Мегхдоот“. Пакистанската Војска ѝ одговори на Индија со операцијата „Ебабил“, преземајќи ги под контрола високите точки во западниот дел на глечерот.
Војските на двете земји, независно од прогласувањето на примирјето во 2003 година, сè уште го продолжуваат нивното присуство во регионот.
- Главниот непријател се климатските и природните услови
Војниците за време на конфронтацијата, што продолжува со години, повеќе се соочуваат со тешките климатски и природни услови, отколку со непријателите.
Во регионот што се нарекува и „Третиот Пол“ поради тоа што температурата паѓа до 50 степени под нулата и што во еден метар квадратен паѓа снег од 10 метри, поголемиот дел од воените загуби се случуваат поради лавина, замрзнување и паѓање на мраз, а не од судирите.
Се смета дека загубите што Пакистан и Индија ги претрпеле во 35 години се загубени 2.500 човечки животи, од кои 70 отсто се од горенаведените причини.
- Најважната причина е контролата врз изворите на вода
Воените експерти, чии мислења се вклучени во документарецот, велат дека борбата за сувереност во регионот се случува поради целта за контролирање на изворите на вода. „Регионот се наоѓа во центарот на изворите на вода, што ги задоволуваат потребите на Пакистан“, истакнуваат експертите, нагласувајќи дека ако глечерот премине под контрола на Индија, Пакистан ќе претрпи тешки моменти со суша.
Документарецот можеда да го гледате на следниот линк: youtu.be/fQBvLrWU-O4.
Агенција Анадолија со документарец „Сијачен: Третиот Пол“