Ekip
29 Јануари 2020•Ажурирај: 30 Јануари 2020
БЕРЛИН (АА) - Германската Влада вчера призна дека нејзините шпионски агенции сè уште одржуваат контакт со членовите на терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Одговарајќи на прашањето во Парламентот поставено од опозициската Левичарска партија, Владата ги потврди постојаните разговори и соработката на Берлин со терористичката организација ФЕТО, предводена од Фетула Ѓулен.
Но Берлин одби да даде какви било информации во врска со овие контакти, тврдејќи дека тоа би можело да ги открие изворите и да ја наруши функционалната способност на шпионските агенции, осврнувајќи се на безбедносно-разузнавачката агенција БНД и на домашната разузнавачка агенција БфВ.
Пратеничката на Левичарската партија, Ила Јелпке, остро ја критикуваше Владата за криењето информации од Парламентот и нагласи дека продолжувањето на разговорите на Берлин со ФЕТО, претежно преку разузнавачките организации, претставува алармантен развој на настаните.
„Многу е изгледно дека германската Влада сака да ги одржи своите контакти со мрежата на Ѓулен за да има влијание во Турција по Ердоган. Дотогаш, германските разузнавачки организации сакаат да имаат корист од доверливите информации, што тоа движење ги стекна со долгодецениската кампања за инфилтрирање во државните институции и преку незаконско прислушување“, изјави Јелпке.
Групите поврзани со ФЕТО во Германија долго време негираа дека имаат тајна агенда или дека извршуваат какви било политички цели, тврдејќи дека работат само на меѓуверски дијалог, и на едукативни и културни проекти.
Но, судските случаи во Турција открија дека ФЕТО и нејзините водачи изградиле таинствена хиерархиска структура и успеале да се инфилтрираат во клучните институции на војската, полицијата и судството за да ја преземат контролата врз државата.
ФЕТО се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, а во неуспешниот обид за државен удар на ФЕТО во Турција загинаа 251 лице и речиси 2.200 беа повредени. Се работи за терористичка организација која ја преводи Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), а чие испорачување Турција официјално побара од САД.
Толеранцијата на германската Влада кон организацијата и нејзината неподготвеност да ги екстрадира клучните осомничени членови на ФЕТО во Турција, вклучително и поранешните генерали, бирократи или обвинители вклучени во заговор против демократски избраната Влада, е главен извор на тензии меѓу Берлин и Анкара во последните години.
Од 90-тите години, ФЕТО изгради мрежа во Германија, за која тврди дека има околу 70.000 следбеници во земјата.
Според локалните извештаи, околу 14.000 лица осомничени за поврзаност со ФЕТО, исто така, пристигнале во земјата по неуспешниот обид за државен удар во Турција.