Австралија го повикува Израел да се откаже од одлуката за окупација на градот Газа

Istanbul
Австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг изјави дека одлуката на израелската Влада да го окупира градот Газа ќе ја влоши „хуманитарната катастрофа“ во регионот, и ја повика Владата во Тел Авив да се откаже од својата одлука, известува Анадолу.
Според „Еј-би-си њуз Австралија“, министерката Вонг дала изјава во врска со одобрувањето на новиот план за окупирање на Газа од страна на израелскиот Кабинет за безбедност.
Во изјавата Вонг вели:
„Австралија го повикува Израел да не тргнува по тој пат, што дополнително би ја влошило хуманитарната катастрофа во Газа“.
Повторувајќи го повикот за решение со две држави, Вонг истакна дека постигнување траен мир е единствениот начин државите Палестина и Израел да живеат една до друга во мир и безбедност во рамките на меѓународно признатите граници.
Министерката Вонг изјави дека трајното присилно раселување на Палестинците го крши меѓународното право и нагласи дека Австралија продолжува со континуираните повици за прекин на огнот, ослободување на заробениците и непречено доставување на хуманитарна помош.
Израелскиот Кабинет за безбедност одобри нов план за окупирање на градот Газа.
Исто така, синоќа одржа состанок на кој се дискутираше за окупацијата на целиот Појас Газа.
Во интервју за „Фокс њуз“ пред состанокот на Кабинетот, Нетанјаху изјави: „Целта ни е да ја преземеме контролата врз цела Газа“.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.