свет

Германија ја запира испораката на оружје за Израел што може да се употреби во Газа

- „Под овие околности, германската Влада нема да одобри никаков извоз на воена опрема што би можела да се користи во Појасот Газа“, изјави канцеларот Фридрих Мерц.

Ayhan Şimşek  | 08.08.2025 - Обновена : 08.08.2025
Германија ја запира испораката на оружје за Израел што може да се употреби во Газа

БЕРЛИН (АА) - Германија денес остро ги критикуваше плановите на Израел за окупација на Појасот Газа и најави делумно прекинување на извозот на воена опрема, јавува Анадолу.

„Под овие околности, германската Влада нема да одобри никаков извоз на воена опрема што би можела да се користи во Појасот Газа“, изјави канцеларот Фридрих Мерц.

Конзервативниот лидер истакна дека Германија досега го бранела правото на Израел да се брани, ги поддржувала иницијативите за ослободување на заложниците и се залагала за разоружување на Хамас, поддржувајќи го Израел во текот на целиот конфликт.

„Одлуката на израелскиот Кабинет од синоќа да преземе уште построги воени дејствија во Појасот Газа сѐ повеќе го отежнува постигнувањето на овие цели, според гледиштето на германската Влада“, нагласи Мерц, додавајќи дека неговата влада повеќе нема да одобрува никаков извоз на воена опрема во Израел што би можела да се користи во оваа воена кампања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın