Sayed Khodaiberdi Sadat
18 Април 2021•Ажурирај: 19 Април 2021
КАБУЛ
Осум цивили го загубија својот живот во вооружениот напад извршен во авганистанската источна покраина Нангархар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Гувернерот на Нангархар, Зиаулхак Амархил, во изјава за медиумите истакна дека неидентификувани лица извршиле вооружен напад врз куќата на еден цивил кој живее во подрачјето на Сарачи Али Хан во Нангархар.
Амархил информира дека во нападот смртно настрадале 8 лица, а дека напаѓачите избегале од местото на настанот.
Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Инаку, Мисијата за помош на Авганистан при Обединетите нации (УНАМА) соопшти дека во првото тримесечје во 2021 година во Авганистан се убиени 573 цивили.
Се истакнува дека во овој период во 2021 година е забележан раст од 29 отсто во цивилните загуби во споредба со истиот период минатата година.
Според соопштението, талибанците се одговорни за 43,5 отсто од цивилните загуби, провладините групи се одговорни за 17 отсто од цивилните загуби, терористичката организација ДЕАШ е одговорна за 5 отсто од цивилните загуби, додека опозициските групи во државата се одговорни за останатите цивилни загуби.
Продолжуваат мировните напори за ставање крај на насилството во земјата.