Muhammet Kurşun
18 Април 2021•Ажурирај: 19 Април 2021
ТЕХЕРАН
Иран и Србија склучија меморандум за разбирање кој предвидува заемно развивање на заедничките интереси и заемно почитување на сувереноста и територијалниот интегритет, како и почитување на принципот на немешање во внатрешните работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за надворешни работи на Иран.
Шефот на српската дипломатија, Никола Селаковиќ, оствари официјална посета на Техеран, каде што се состана со неговиот ирански колега, Мухамед Џевад Зариф.
Зариф и Селаковиќ на средбата се осврнаа на развивање на соработката помеѓу двете земји во областа на политиката, трговијата и културата.
Во соопштението се вели дека по средбата е потпишан меморандум за разбирање кој вклучува заемно развивање на заедничките интереси и заемно почитување на сувереноста и територијалниот интегритет, како и почитување на принципот на немешање во внатрешните работи.