свет

Авганистанските сили тврдат дека убиле висок командант на Талибанците

Талибанците го отфрлија ова тврдење, нарекувајќи го „непријателска пропаганда“

Ekip  | 14.02.2020 - Обновена : 15.02.2020
Авганистанските сили тврдат дека убиле висок командант на Талибанците Фото: АА/Архива

КАБУЛ (АА) - Министерството за одбрана на Авганистан денес објави дека во северниот дел на земјата убиле високопозициониран командант на Талибанците заедно со осум негови соработници, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од Министерството соопштија дека Маулви Сардар Моахамад, членот на Воената комисија на Талибанците, е убиен заедно со осум свои соработници во воздушен напад во областа Чамтал во покраината Балх, која граничи со Узбекистан. Се додава дека во воздушниот напад е уништено и големо тајно засолниште со оружје и муниција.

Талибанците го отфрлија ова тврдење, нарекувајќи го „непријателска пропаганда“.

Портпаролот на Талибанците, Забихулах Муџахид, на Твитер објави дека денес, во талибанскиот кварт Хас Балх, Талибанците убиле шест припадници на авганистанските сили.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.