Dmıtrı Chırcıu
14 Февруари 2020•Ажурирај: 14 Февруари 2020
МОСКВА
Рускиот претседател, Владимир Путин, на состанокот на рускиот Совет за безбедност говореше за ситуацијата во Идлиб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Кремљ се вели дека Путин го свикал рускиот Совет за безбедност.
„Се разменија мислења за ситуацијата во Идлиб, која е тензична по активностите на терористичките групи“, се истакнува во соопштението.
Исто така, се вели дека на состанокот се дискутирало за ширењето на новиот вид коронавирус (Ковид-19) и за неговото влијание врз глобалната економија.