Sayed Khodaberdi Sadat
28 Февруари 2018•Ажурирај: 28 Февруари 2018
КАБУЛ (АА) - Талибанските милитанти киднапираа 30 патници кои патувале од авганистанската покраина Забул во покраината Кандахар, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на локалната власт на покраината Забул, Дост Мухамед Наџаб, информираше дека милитантите ги запреле 30-те патници, од кои петмина полицајци, за да извршат контрола во подрачјето Сурх Бид, а потоа ги киднапирале.
Наџаб рече дека не се знае каде се однесени патниците, и дека е започната истрага околу случајот.