Sayed Khodaberdi Sadat
09 Август 2017•Ажурирај: 10 Август 2017
МEЗАР-И ШEРИФ (АА) - Ослободени се вкупно 235 цивили кои беа киднапирани од страна на талибанците во провинцијата Сарипол, во северен Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на канцеларијата на гувернерот на Сарапол, Забахулах Амани, потсети дека милитантите неодамна воспоставија контрола над областа Мирзавланг и усмртија 30, а киднапираа 235 цивили.
Амани за АА изјави дека цивилите се ослободени на повик на водачите на племињата и дека се сместени во центарот на Сарипол.
Претседателот на Авганистан, Ашраф Гани, рече дека ќе одговараат одговорните за маскарот на 30-те цивили.