Mohamad Misto
08 Август 2017•Ажурирај: 09 Август 2017
ХАШЕК (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) под изговор за борба против терористичката организација ДЕАШ, продолжува да обезбедува воена помош за сирискиот огранок на терористичката организација ПКК/ПЈД. Синоќа, 112 камиони воена помош беа испратени до припадниците на организацијата во областа северно од Рака, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинарот на АА во Ал-Хасака дознава дека 112 камиони со воена помош минатата ноќ ја поминале ирачката граница и влегле во подрачјето на Ал-Хасака, кое е под контрола на организацијата.
Вниманието го привлекоа и оклопните возила "Хамер", кои ги користи американската војска, цистерните со гориво и возилата со средна големина, кои беа дел од конвојот.
Покрај тоа, вниманието го привлекува и тоа што ваквиот вид на транспорт се спроведува во текот на ноќта со покриени камиони.
Претходно во ова подрачје под контрола од ПКК/ПЈД беа испрати вкупно 909 камиони, поточно на 5, јуни 60, на 12. јуни 20, 16. јуни 50, од 21 до 26 јуни 120, 5. јули 82, на 9. јули 102, на 13. јули 95, јули 17. јули 100, на 22. јули 100, на 27. јули 80 и на 31. јули 100 камиони.
Како што дознава АА од Министерството за одбрана на САД, на листата на оружје што ќе се даде на групите во Сирија, меѓу кои се наоѓа и ПКК/ПЈД се 12.000 пушки марка калашников, 6.000 автоматски пушки, 3.000 противтенковски фрлачки гранати RPG-7 и друго оружје.