Şerife Çetin
08 Август 2017•Ажурирај: 09 Август 2017
ХОЛАНДИЈА (АА) - Откако во јајцата од кокошка во Холандија беше откриен инсектицид, холандската Дирекција за безбедност на храната (NVWA) започна и контрола на месото од живина, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми објавија дека (NVWA) истражува дали во пилешкото месо се наоѓа инсектицидот фипронил, пронајден во јајцата.
Ерик Хуберс, претседател на Холандската асоцијација на одгледувачи на живина, изјави дека истрагата и проверката на пилешкото месо се однесува само на неколку компании, и дека е мала веројатноста во месото да има инсектицид.
Експертите сметаат дека инсектицидот во пилешкото месо не го загрозува здравјето на луѓето.
Постојат сомненија дека компанија од Белгија го измешала фипронилот со средството за дезинфекција Дега16, кое често се користи на живинарските фарми во Холандија и дека јајцата произведени тука се продадени во Германија. Јајцата кои содржат фипронил се откриени и кај германски компании.
Кризата би можела да се прошири и на земјите кои увезуваат јајца од трите земји, Шведска, Швајцарија, Франција и Велика Британија.