Sayed Khodaiberdi Sadat
22 Септември 2020•Ажурирај: 23 Септември 2020
КАБУЛ (AA) - Во нападите на талибанските милитанти последните две недели во Авганистан животот го загубија 98 цивили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тарик Арјен, портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Авганистан, во изјавата што ја даде за медиумите информираше дека последните две недели, во 24 авганистански провинции, талибанските милитанти во различни напади убиле 98 цивили.
Арјен наведе дека во нападите се повредени 230 цивили и додаде дека најголем број убиени има во провинциите Тахар и Нангархар.
Талибанската страна засега не излезе со каква било изјава по ова прашање.