Sayed Khodaberdi Sadat
09 Декември 2018•Ажурирај: 10 Декември 2018
КАБУЛ (АА) - Талибанските милитанти, во западниот дел на Авганистан, во подрачјето Бала Булук, изведоа напад врз воена станица во кој животот го загубија 8 војници, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменик-претседателот на областа Фарах, Дадулах Кани, соопшти дека талибанските милитанти ја нападнале воената станица во местото Аб Хурма во подрачјето Бала Булук.
Во нападот животот го загубија 8 војници, а 10-мина војници се заробени од страна на милитантите.
Талибанската страна во објавеното соопштение тврди дека по нападот, воспоставена е контрола врз воената станица.