свет

Авганистан: Во бомбашки напад загинаа четири цивили

Портпаролот на полицијата во Кандахар, Џамал Насир Барикзеј, за новинарите изјави дека е активирана експлозивна направа претходно поставена покрај пат во местото Сахвели Кот

Sayed Khodaiberdi Sadat  | 16.04.2021 - Обновена : 19.04.2021
Авганистан: Во бомбашки напад загинаа четири цивили Фото: АА/Архива

КАБУЛ (АА) - Најмалку четири цивили загинаа во бомбашки напад во областа Кандахар, во јужниот дел на Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот на полицијата во Кандахар, Џамал Насир Барикзеј, за новинарите изјави дека е активирана експлозивна направа претходно поставена покрај патот во местото Сахвели Кот.

Барикзеј потврди дека во нападот загинале најмалку четворица цивили, меѓу кои и деца. Тој порача дека зад нападите стојат талибанците, иако сè уште одговорноста за нападот не е преземена.

Мисијата на Обединетите нации за помош на Авганистан (UNAMA) на 14 април објави дека во Авганистан во првиот квартал во 2021 година се убиени 573 цивили.

Наведено е исто така дека е забележан пораст на цивилните жртви за 29 отсто во однос на истиот период минатата година. Талибанците се сметаат за одговорни за смртта на 43,5 отсто од тие жртви, провладините групи за 17 отсто, терористичките организации за пет отсто, а за останатите опозициските групи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın