Sayed Khodaiberdi Sadat
18 Јуни 2020•Ажурирај: 20 Јуни 2020
КАБУЛ
Најмалку тројца цивили загинаа во бомбашки напад извршен во авганистанската покраина Пактија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Кабинетот на гувернерот на Пактија, Абдулах Хасрат, соопшти дека во местото Зурмет експлодирала бомба која е претходно поставена на патот.
Хасрат изјави дека бомбата е активирана кога на тој пат поминувале цивили и додаде дека во експлозијата загинале една жена и две деца, додека тешко е рането тримесечно бебе.
Портпаролот потврди дека нападот е извршен од страна на Талибанците.