Ekip
18 Јуни 2020•Ажурирај: 19 Јуни 2020
ЊУ ДЕЛХИ
Во Индија за еден ден е регистриран највисок број случаи, при што во последните 24 часа потврдени се 12.881 случај на заразување, се соопштува од Министерството за здравство, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупната бројка на заразени во земјата достигна 366.946.
Бројот на починати од последиците на вирусот достигна 12.237, при што во последните 24 часа се пријавени 334 жртви.
Во Индија има 160.384 активни случаи, додека 194.324 пациенти се излекувани и пуштени од болница.
Западната држава Махараштра продолжува да биде најтешко погодена држава во земјата со 116.752 случаи. Бројот на починати во државата достигна 5.651 со 114 нови смртни случаи.
„Граѓаните во Мумбај, најголемиот град во Индија, сега можат преку нова мобилна апликација да добијат информации за достапноста на креветите на одделите за интензивна нега и вентилаторите во болниците“, се вели во соопштението на општинската корпорација.
Во меѓувреме, бројот на случаи во Делхи достигна 47.102 со 2.414 нови случаи. Бројот на починати се искачи на 1.904 по 67 нови смртни случаи.