Sayed Khodaiberdi Sadat
06 Февруари 2021•Ажурирај: 07 Февруари 2021
КАБУЛ (АА) - Во Кабул, главниот град на Авганистан, извршен е бомбашки напад во кој животот го загуби еден полицаец, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на полицијата на Кабул, Фердевс Фарамарз, за медиумите изјави дека во подрачјата Хајирхане и Баг Кази во Кабул извршени се последователни бомбашки напади.
Фарамарз информираше дека во нападот загинал еден полицаец, а 6 лица се ранети.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.