Behlül Çetinkaya
11 Март 2019•Ажурирај: 12 Март 2019
ИСЛАМАБАД (АА) - Со цел јакнење на меѓународната мрежа, Anadolu Agency (AA) утре ќе отвори своја Канцеларија во Исламабад, јавува Аnadolu Agency (AA).
На утрешното свечено отворање на Канцеларијата во Исламабад ќе присуствуваат пакистанскиот министер за информации, Фавад Чаудри, амбасадорот на Турција во Пакистан, Ихсан Мустафа Јурдакул, заменик генералниот директор и главниот уредник на АА, Метин Мутаноглу, заменик генералниот директор Мустафа Озкаја и голем број високи официјални лица и гости.
Церемонијата за отворање на Канцеларијата, на која се повикани и претставници на пакистанските медиуми, ќе биде одржана во исламабадскиот „ICE Tower“ во 18:00 по локално време.
По повод отворањето на Канцеларијата на АА во Пакистан, по церемонијата на отворање, на 14 март во најголемиот пакистански град Карачи, со учество на најзначајните медиуми во таа земја, ќе бидат одржани и „Медиумски средби“, на кои, меѓу останатото, ќе биде презентирана и работата на АА.
Свое доаѓање на овој настан потврдија над 100 главни уредници и уредници од голем број пакистански медиуми.