Adham Kako
11 Март 2019•Ажурирај: 12 Март 2019
АНКАРА (АА) - Сириската мрежа за човекови права (SNHR) соопшти дека од почетокот на граѓанската војна во земјата, режимот на Башар ал Асад привел десетици илјади Сиријци, и сè уште продолжува да ги крши човековите права.
Во извештајот за граѓанската војна објавен од страна на Сириската мрежа за човекови права (SNHR), се наведува дека има стотици илјади жртви. Во извештајот, исто така, стои дека и на почетокот од 9-тата година од војната, режимот на Асад продолжува да ги крши човековите права.
Како резултат на работата во Сирија, Сириската мрежа за човекови права (SNHR) во извештајот ги презентира само податоците што се откриени. Силите на режимот на Асад, од лицата што ги приведе од март 2011 година до ден-денес, 127.916 лица сè уште држи во затвор.
„Во граѓанската војна, која од март 2011 година продолжува во Сирија, режимот и неговите безбедносни структури уапсија десетици илјади луѓе, повеќето без судска одлука“, пишува во извештајот, нагласувајќи дека судбината на притворениците е неизвесна.
„Деведесет и девет отсто од смртните случаи од тортура во Сирија биле извршени од страна на режимските сили“, се вели во извештајот, додавајќи дека од почетокот на граѓанската војна, која на 15 март ќе влезе во својата 9-та година, до денес најмалку 13.983 лица починале од тортурата на режимот.
Во опсадите на режимот се убиени 921 цивил.
Во извештајот се потсетува дека режимот, пред да ги преземе териториите што се наоѓаат под контрола на опозицијата, областа ја стави под опсада.
На тој начин режимот во тие територии не дозволува дотур на храна, лекови и хуманитарна помош, така што цивилите се принудени да мигрираат од тие региони.
Како резултат на глад и недостаток на лекови, 398 деца, 187 жени, и најмалку 921 цивил ги загубија своите животи на териториите што се под опсада на режимот.
Во извештајот се нагласува дека режимот не се откажува од политиката на опсада и дека кампот „Рукбан“, кој се наоѓа на границата меѓу Сирија и Јордан, сè уште е под блокада.
Сириската мрежа за човекови понатаму наведува дека режимот на Асад од почетокот на граѓанската војна во Сирија користел хемиско оружје најмалку 216 пати.
„Во граѓанската војна во Сирија 14,2 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови. Осум милиони лица емигрирале во внатрешноста, додека 6,2 милиони беа принудени да ја напуштат земјата“, се вели во извештајот.
- Терористичките организации ЈПГ/ПКК и ДЕАШ -
Според извештајот, терористичката организација ЈПГ/ПКК на териториите што ги окупира има затворено најмалку 2.705 лица.
„Окупираната област од ДЕАШ во Сирија се намали на околу 2 отсто од сириската територија“, пишува во извештајот, нагласувајќи дека од страна на ДЕАШ се уапсени 8.143 лица чија судбина е неизвесна.