Nur Asena Ertürk
06 Јануари 2023•Ажурирај: 08 Јануари 2023
АНКАРА (АА) - Штотуку завршената 2022 година e најтоплата година во Франција досега, се вели во соопштението на Француската национална метеоролошка служба, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Просечната температура во 2022 година достигна 14,5 степени Целзиусови, соборувајќи го последниот рекорд, поставен во 2020 година.
Според „Метео Франс“ (Météo-France), 2022 година била најтоплата година откога започнала да се води евиденцијата во 1900 година.
„2022 година е симптом на климатските промени во Франција“, соопшти државната Метеоролошка служба, додавајќи дека тоа е и втора најсушна година од 1959 година, кога започна водењето евиденција во оваа категорија.