Ekipa
03 Јануари 2023•Ажурирај: 04 Јануари 2023
РАМАЛА (АА) – Шеснаесетгодишен Палестинец е застрелан денес од израелската Армија во градот Витлеем на Западниот Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Израелските сили извршија рација во бегалскиот камп „Дејшех“ во градот, предизвикувајќи судири со палестинските жители, објави државната новинска агенција „Вафа“.
Израелските војници употребиле вистинска муниција, гумени куршуми и солзавец за да ги растераат демонстрантите при што еден 16-годишен Палестинец е повреден, а подоцна им подлегна на повредите, објави „Вафа“.
Еден млад Палестинец е повреден, додека друг е приведен од израелските сили.
Израелската Армија досега не се огласи во врска со рацијата.
Вчера двајца Палестинци беа застрелани од израелската Армија во Џенин, во северните делови на Западниот Брег.
Тензиите низ Западниот Брег се зголемија во последните недели поради континуираните израелски рации за приведување на, како што се вели, „барани Палестинци“ или за рушење на палестинските домови. Рациите предизвикаа судири со Палестинците, предизвикувајќи неколку жртви.