Ekipa
27 Март 2017•Ажурирај: 27 Март 2017
ПАРИЗ (АА) - Претседателскиот кандидат на радикалната француска десница, Марин Ле Пен, изјави дека ќе поднесе оставка доколку Французите го одбијат нејзиниот план за излез од таа земја од еврозоната, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ле Пен за време на предизборната кампања најави дека доколку стане претседателка на државата, ќе распише референдум за излез на Франција од зоната на единствена валута, еврото, а денес за радиото „Европа1“ изјави дека ќе отстапи од евентуалната претседателска фукција доколку Французите го одбијат нејзиниот план.
„Поддршка на идејата за останување на Франција во еврозоната значи согласување со моделот за управување на државата што го наметнува ЕУ, а тоа би значело дека е невозможно да се реализира70 отсто од мојата програма“, изјави Ле Пен, која заговара и излез на таа земја од ЕУ.
Претседателските избори во Франција ќе се одржат на 23 април и на 7 мај, а Ле Пен според анкетите има предност во однос на противкандидатите. Најголем опонент би можел да биде Емануел Макрон, независен кандидат на политичка опција центар.