Betül Yürük
28 Март 2017•Ажурирај: 28 Март 2017
ЊУЈОРК (AA) – Кабинетот на генералниот секретар на Обединетите нации ја предупреди официјална Москва дека правото на мирни демонстрации мора да се почитува, а предупредувањето е упатено поради апсењата кои руската полиција ги изведе во текот на неделните масовни протестина опозицијата ширум земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на генералниот секретар на ОН, Ферхан Хак, изјави дека ОН ги следи случувањата во Русија и дека правото на мирни демонстрации мора да се почитува во целиот свет.
„Се надеваме дека тоа право ќе се почитува во Русија", рече Хак.
Шефот на опозицијата и еден од најгласните критичари на политиката на рускиот претседател Владимир Путин, Алексеj Навални во неделата ширум Русија организираше протести за да укаже на проблемот на корупција во таа земја, а во текот на протестите се уапсени повеќе стотици демонстранти, меѓу кои и Навални. Нему вчера му е изречена 15-дневна затворска казна поради нарушување на јавниот ред.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги ОН, Европската Унија, САД, ја повикаа Русија да ги ослободи приведените и да ги почитува меѓународните норми и обврски.