свет

Јапонија бара од Иран да го ослободи нејзиниот граѓанин

- Јапонскиот граѓанин бил приведен од иранските власти на 20 јануари, пренесува агенцијата „Кјодо њуз“.

Riyaz Khaliq Khaliq  | 25.02.2026 - Обновена : 25.02.2026
 Јапонија бара од Иран да го ослободи нејзиниот граѓанин

ИСТАНБУЛ (АА) Јапонија денес побара од Иран да ослободи нејзин граѓанин, кој се наоѓа во затвор од минатиот месец, јавува Анадолу.

Заменик-шефот на Кабинетот на јапонската Влада, Масанао Озaки, без да ги открие деталите за идентитетот на лицето, за медиумите изјави дека Токио „бара итно ослободување на лицето“.

Јапонскиот граѓанин бил приведен од иранските власти на 20 јануари, пренесува агенцијата „Кјодо њуз“.

Реакцијата на Токио доаѓа по извештајот на Радио Слободна Европа, финансирано од САД, според кој Иран го привел шефот на техеранското биро на јапонската јавна телевизија НХК. Според овој извештај, тој се наоѓа во затворот „Евин“ во Техеран.

Иранските власти засега не дадоа коментар за случајот.

„Јапонската Влада е во контакт со приведеното лице и неговото семејство и им ја обезбедува потребната поддршка“, изјави Озaки.

На прашањето за приведувањето на својот вработен, НХК соопшти: „Секогаш ја ставаме безбедноста на нашите вработени на прво место и во овој момент немаме што да одговориме.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.