Gizem Nisa Çebi Demir
17 Декември 2025•Ажурирај: 18 Декември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Шефицата на Кабинетот на Белата куќа, Сузи Вајлс, изјави дека Доналд Трамп се појавува во досиејата на Џефри Епстајн, што е спротивно на постојаните тврдења на американскиот претседател дека записите се „измама“, јавува Анадолу.
„Знаеме дека е во досието“, рече Вајлс во интервју објавено од списанието „Венити фер“, додавајќи дека Трамп „бил во авионот (на Епстајн),... тој е во манифестот“, опишувајќи ги двајцата како „некако млади, слободни плејбои заедно“
Вајлс, исто така, ја критикуваше работата во врска со досиејата од страна на државната обвинителка Пам Бонди, велејќи: „Нема список на клиенти и тој сигурно не бил на нејзината маса.“
Изјавите предизвикаа итен одговор од Демократскиот национален комитет (ДНК).
Директорот за брза реакција на ДНК, Кендал Витмер, изјави дека „дури и шефицата на Кабинетот на Доналд Трамп не може да го заштити од неговиот Епстајн кошмар“, обвинувајќи го Трамп дека ја заведува јавноста и не ги исполнува барањата за одговорност додека расте притисокот за објавување на досиејата.
Во ова интервју Вајлс рече дека Трамп го искористил претседателствувањето за „намирување на сметки“, го опиша дека има карактер на алкохоличар.
Понатаму, таа ги нарече неговите блиски сојузници, потпретседателот Џ.Д. Венс, „теоретичар на заговор“, директорот на Канцеларијата за менаџмент и буџет, Расел Воут, „апсолутен десничарски фанатик“, а технолошкиот милионер Илон Маск „официјален корисник на кетамин“.
Царините на Трамп беа „поболни отколку што очекував“, рече таа.
Во меѓувреме, минатата недела Трамп за Вајлс рече: „Таа е одлична шефица на Кабинетот... Сузи е најдобра.“