свет

Популистичката чешка Влада го отфрла миграцискиот пакт на ЕУ

Популистичката влада, предводена од премиерот и лидер на партијата АНО, Андреј Бабиш, планира да го отфрли пактот и да подготви нова регулатива за миграција и азил

Burak Bir  | 17.12.2025 - Обновена : 17.12.2025
Популистичката чешка Влада го отфрла миграцискиот пакт на ЕУ

ЛОНДОН (АА) – Новата коалициска влада во Чешка се спротивставува на миграцискиот пакт на Европската Унија и подготвува нов план, објави Радио „Прага интернешнал“, јавува Анадолу.

Популистичката влада, предводена од премиерот и лидер на партијата АНО, Андреј Бабиш, планира да го отфрли пактот и да подготви нова регулатива за миграција и азил.

Говорејќи пред новинарите вчера, Бабиш, кој победи на изборите во октомври, изјави дека Владата активно ќе учествува во напорите на земјите членки на ЕУ за изнаоѓање реални решенија за миграцијата надвор од територијата на Унијата.

Според поранешниот министер за внатрешни работи, Вит Ракушан, со отфрлањето на миграцискиот пакт земјата би ги изгубила алатките за справување со илегалната миграција, кои би останале кај соседните држави.

И унгарскиот премиер Виктор Орбан го отфрли спроведувањето на миграцискиот пакт на ЕУ, изјавувајќи дека неговата влада нема да потроши „ни еден денар за тоа“.

Владите на земјите членки на ЕУ го одобрија Пактот за миграција и азил во мај 2024 година, и покрај противењето од Полска, Унгарија и Словачка. Пактот има за цел порамномерна распределба на барателите на азил меѓу земјите членки и реформа на граничните процедури и процедурите за азил на Унијата.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.