свет

Израелската армија гранатираше неколку области во Газа и покрај прекинот на огнот

Израелската артилерија го гранатираше југоисточниот дел на Кан Јунис и близината на коридорот Мораг, северно од Рафа во јужниот дел на Појасот Газа

Betül Yılmaz  | 17.12.2025 - Обновена : 17.12.2025
 Израелската армија гранатираше неколку области во Газа и покрај прекинот на огнот

ГАЗА/ИСТАНБУЛ (АА) - Израелската армија гранатираше неколку области во Појасот Газа утринава и покрај договорот за прекин на огнот што е на сила од 10 октомври, јавува Анадолу.

Според очевидците, израелската артилерија го гранатирала југоисточниот дел на Кан Јунис и близината на коридорот Мораг, северно од Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.

Во централниот дел на Газа возилата и булдожерите на израелската армија се преместени североисточно од градот Деир ал-Балах и спроведоа операции на булдожирање во услови на интензивниот оган во областа.

Израелската артилерија, исто така, ги погоди и источните делови на бегалскиот камп Џабалија во Газа.

Сè уште нема информации за повредени.

Палестинците го обвинуваат Израел за постојано кршење на договорот за прекин на огнот во Газа. Според Министерството за здравство, најмалку 393 лица се убиени, а 1.074 се повредени во израелските напади од прекинот на огнот.

Израел уби речиси 70.700 Палестинци, најмногу жени и деца, повредени се повеќе од 171.000 во Газа од октомври 2023 година, а енклавата е претворена во урнатини.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın