свет

Студен бран ја зафати Канада, жителите уживаат во зимскиот амбиент на островите кај Торонто

Во Торонто, граѓаните го искористија силниот мраз и лизгаа по замрзнатите делови од езерцата на Центар Ајленд, најпопуларниот дел на островите Торонто

Elena Trenchevska Chekovic  | 17.12.2025 - Обновена : 17.12.2025
Студен бран ја зафати Канада, жителите уживаат во зимскиот амбиент на островите кај Торонто Фото: Mert Alper Dervış/AA

ТОРОНТО (АА) - Студен бран ја зафати Канада оваа недела, со значителен пад на температурите низ Јужен Онтарио, јавува Анадолу.

Во Торонто, граѓаните го искористија силниот мраз и лизгаа по замрзнатите делови од езерцата на Центар Ајленд, најпопуларниот дел на островите Торонто додека поголеми парчиња мраз се формираа покрај брегот.

Островите во Торонто, познати како омилено летно прибежиште за одмор и рекреација, во зимски услови добиваат поинаков изглед со посебен шарм.

Посетителите уживаат во зимскиот амбиент со поглед кон хоризонтот на Торонто.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.