Ekipa
08 Април 2019•Ажурирај: 08 Април 2019
МОСКВА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека чекорите што ги направи Турција, и кои во иднина ќе ги направи со Русија, се многу важни, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот претседател престојува во посета на Русија, а во Москва оствари средба со рускиот претседател Владимир Путин.
„Важни се и чекорите кои досега ги направивме во координација (со Русија), против терористичките активности во регионот“, нагласи Ердоган.
Тој на почетокот на средбата истакна дека во рамки на осмиот состанок на Високиот совет за соработка меѓу Турција и Русија ќе одржат стратешки средби во политичката, воената, трговската област, како и на полето на културата.
Турскиот претседател истакна дека денеска ќе имаат интензивни средби било за билатерални, било за регионални теми.
Според него, ќе бидат потпишани три договори, со кои ќе се направат чекори кон иднината.
Ердоган истакна дека е забележан раст од 15 отсто во обемот на трговската размена со Турција.

„Нашата цел е да одиме кон нашата цел од 100 милијарди долари која ја утврдивме порано. Морскиот дел од „Турски тек“, во врска со природниот гас, е завршен. Другите чекори се прават според планираното. Нашата цел е да ги завршиме во ист датум“, додаде тој.
„Исто така, важни се и чекорите кои досега ги направивме во координација (со Русија), против терористичките активности во регионот“, нагласи Ердоган, и додаде:
„Чекорите кои ги направивме и ќе ги направиме (со Русија), особено во Сирија, се многу важни. Верувам дека нашиот денешен осми состанок на Високиот совет за соработка има големо значење во оваа насока. Исто така, важни се и средбите што ќе ги направат нашите министри“.
- Путин: „Обемот на трговска размена помеѓу Турција и Русија достигна 35 милијарди долари“ -
Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека со задоволство го гледаат развојот на руско-турските билатерални односи, пред сѐ во областа на економијата.
„Со Турција имаме интензивна соработка во меѓународните односи и во врска со глобалните проблеми. Постојат интензивни контакти меѓу министерствата за надворешни работи и одбрана на двете земји. Продолжува и се зголемува нашата воено-техничка соработка“, рече Путин.

Рускиот претседател на почетокот на средбата изрази задоволство што го пречекува Ердоган во Москва.
„Денес ќе го одржиме осмиот состанок на Високиот совет за соработка. Ќе разговараме за состојбата на односите меѓу нашите земји, и ќе се сретнеме и со претставниците на невладиниот сектор, како и на бизнис-секторот. Вечерва ќе ја отвориме Годината на култура и туризам на Турција и Русија“, рече Путин.
Тој укажа на обемот на трговската размена меѓу Турција и Русија.
„Со задоволство го гледаме развојот на нашите билатерални односи со Турција, пред сѐ во областа на економијата. Обемот на трговска размена помеѓу Турција и Русија достигна 35 милијарди долари“, додаде тој.
Путин потсети дека е завршена изградбата на морскиот дел од проектот на гасоводот „Турски тек“.
„Процесот на изградба на копно продолжува според планираното. Се надеваме дека проектот ќе заврши навреме“, нагласи Путин.
„Со Турција имаме интензивна соработка во меѓународните односи, и во врска со глобалните проблеми. Постојат интензивни контакти меѓу министерствата за надворешни работи и одбрана на двете земји. Продолжува и се зголемува нашата воено-техничка соработка“, истакна рускиот претседател, Владимир Путин.
Ердоган на средбата е придружуван од делегацијата составена од турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерот за енергетика и природни ресурси, Фатих Донмез, министерот за трезор и финансии, Берат Албајрак, министерот за национална одбрана, Хулуси Акар, и министерката за трговија, Рухсар Пекџан.