Ekipa
27 Ноември 2019•Ажурирај: 29 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека првиот турски домашно произведен комуникациски сателит ќе биде оперативен од 2022 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот претседател денеска зимаше обраќање на настанот „МУСИАД Визионер ’19“ на Асоцијацијата на независни индустријалци и бизнисмени (МУСИАД), чиј глобален комуникациски партнер е Агенцијата Анадолија.
Комуникацискиот сателит „Турксат 6А“ е развиен од Центарот за интегрирање и тестирање на сателити во турскиот главен град Анкара.