наука и технологија

Турција: Историја или мит - на монета стара 1.800 години, прикажан Парис од Троја

Историски гледано, Парис можеби го основал и античкиот град Парион во турската северозападна крајбрежна област Чанаккале, во близина на откопаните траги на Троја

Erdoğan Çağatay Zontur  | 29.11.2019 - Обновена : 02.12.2019
Турција: Историја или мит - на монета стара 1.800 години, прикажан Парис од Троја

ЧАНАККАЛЕ (АА) - Турските археолози откопаа монета стара 1.800 години, на која се верува дека е прикажан Парис, личност од антиката, за која некои сметаат дека е причината за започнувањето на легендарната Тројанска војна, јавува Агенција Анадолија (АА).

Историски гледано, Парис можеби го основал и античкиот град Парион во турската северозападна крајбрежна област Чанаккале, во близина на откопаните траги на Троја.

Во митот за Троја, Парис бил тројански принц кому му било речено да суди на натпревар за убавина. Тој прифатил мито - Елена, спартанска принцеза, но кога сопругот на Елена се соочил со загубата на својата сопруга, била предизвикана епската Тројанска војна.

Шефот на ископувањата, Ведат Келеш, за АА изјави дека иако истите монети биле пронајдени на повеќе места во светот, фактот дека тие биле пронајдени и на тоа мест докажува дека сите тие припаѓале на градот Парион.

Келеш рече дека името на античкиот град исто така потекнува од Парис, додавајќи: „Ова отсекогаш било гласина, но оваа монета докажува дека ова може да е вистина. Оваа монета ни дава цврст доказ дека Парис живеел овде и дека можеби му дал на градот исто име како неговото.“

„Можеме да кажеме дека Парион е градот во кој се родил и израснал Парис“, додаде тој.

- Античкиот град Парион -

Тимот за ископување во Парион работи преку целата година да ископа и да истражи 11 „сектори“ од античката населба.

„Тимот во моментов се фокусира најмногу на градскиот Одеон - античка грчка и римска структура каде што се одржувале концерти и поетски натпревари - како и на неговите театри и јавни бањи“, рече Келеш.

„Почна да испливува античката текстура на градот, но ние не вршиме само ископувања. На пример, кога одиме во Одеон, една од најважните градби во градот, нашите колеги прават прецизна студија за нејзината архитектура.“

„Значи, со откривањето на овие археолошки структури, градот секој ден станува сѐ посеопфатен“, додаде тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın