свет

Хафтар со писмо до Путин: „Подготвен сум да дојдам во Русија“

„Подготвени сме да ја посетиме Русија, прифаќајќи ја вашата покана со цел продолжување на започнатиот мировен процес“, напишал Хафтар во писмото

Emre Gürkan Abay  | 17.01.2020 - Обновена : 18.01.2020
Хафтар со писмо до Путин: „Подготвен сум да дојдам во Русија“

МОСКВА (АА) - Лидерот на илегалните вооружени сили во источниот дел на Либија, Калифа Хафтар, истакна дека сака да ја посети Русија со цел продолжување на мировните преговори, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на прес-центарот на Кремљ, Хафтар испратил писмо до претседателот на Русија, Владимир Путин.

„Упатуваме благодарност поради преговорите во Москва во врска со постигнувањето мир во Либија и целосно го поддржуваме тоа. Подготвени сме да ја посетиме Русија, прифаќајќи ја вашата покана со цел продолжување на започнатиот мировен процес“, напишал Хафтар во писмото, како што се пренесува во ова соопштение.

Хафтар на почетокот на неделата ја напушти Русија без да го потпише договорот подготвен по преговорите за примирје водени под набљудување на Турција и Русија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın