свет

Од Идлиб кон турската граница побегнаа уште најмалку 13.000 цивили

Поради нападите на силите лојални на режимот на сирискиот претседател, Башар ал Асад, и неговите руски и проирански сојузници, цивилите од населбите Хан Асал, Кефер Наха и Ајн Јара во Идлиб мигрираат во местата на самата сириско-турска граница

Eşref Musa, Mehmet Burak Karacaoğlu, Adham Kako  | 17.01.2020 - Обновена : 19.01.2020
Од Идлиб кон турската граница побегнаа уште најмалку 13.000 цивили

ИДЛИБ (АА) - Најмалку 13.000 цивили во изминатите два дена побегнаа од внатрешниот дел на сириската област Идлиб кон турската граница, јавува Агенција Анадолија (АА).

Поради нападите на силите лојални на режимот на сирискиот претседател, Башар ал Асад, и неговите руски и проирански сојузници, цивилите од населбите Хан Асал, Кефер Наха и Ајн Јара во Идлиб мигрираат во местата на самата сириско-турска граница.

Во нападите во последните два дена, 12.884 цивили од повеќе од 2.380 семејства останаа без покрив над главата. Еден дел од цивилите најдоа засолниште на границата со Турција, а друг дел заминаа во подрачјата на кои се извршени акциите „Маслинова гранка“ и „Штитот на Еуфрат“.

Ахмет Али е еден од цивилите кои мораа да ги напуштат своите домови на подрачјето на Хан Асал.

„Живеев во селото Хан Асал во западниот дел на Алепо. Бегаме од нападите. Меѓутоа не знаеме каде ќе одиме. Најверојатно ќе отидеме во подрачјето на Дана во Идлиб“, појасни Али.

Хан Асал го напушти и Ибрахим Мансур со семејството.

„Прво со семејството дојдов од Алепо во Хан Асал. Сега го бомбардираат и ова подрачје. Не знаеме каде да одиме. Со сопругата и петте деца немаме каде да отидеме“, изјави Мансур.

Дека ситуацијата е лоша смета и Абдурезак Рахал.

„Ние сме семејство од 19 членови. Поради нападите моравме да го напуштиме селото. Не знам каде ќе одиме“, изјави Рахал.

Областа Идлиб, која се наоѓа во северозападна Сирија, од почетокот на војната беше речиси целосно под контрола на опозицијата и антирежимските вооружени групи. Центарот на Идлиб, чие население се зголеми на речиси 4 милиони со доаѓањето на интерно раселените лица, е под контрола на опозицијата од 2015 година. Идлиб е исто така една од зоните кои се најчеста цел на нападите на режимот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın