Erdoğan Çağatay Zontur
12 Април 2019•Ажурирај: 13 Април 2019
АНТАЛИЈА (AA) - Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, порача дека Франција е последната земја која на Турција може да ѝ држи лекции за геноцид во историјата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Франција нека погледне во својата мрачна историја во Руанда и Алжир“, изјави Чавушоглу на состанокот на НАТО во медитеранската област Анталија.
За време на борбата за независност од француската колонијална власт, околу 1,5 милиони Алжирци беа убиени, а стотици илјади лица повредени, исчезнати или избркани од нивните домови.
Алжир постојано бараше од Франција да ги признае злосторствата во колонијалната ера.
Ставот на Турција е дека сите страни во Првата светска војна претрпеле големи жртви и дека со тие историски настани треба да се бават експертите, а не политичарите. Турција не ги прифаќа ерменските тврдења за наводен „геноцид".
Истакнувајќи дека во 1915 година се случила голема трагедија за двете страни, Турција предлага формирање заедничка комисија која би спровела истрага за тој период, а која би ја сочинувале турските, ерменските и меѓународните историчари.
- Израел -
Осврнувајќи се на неодамнешните контроверзни чекори на Израел за Голанската Висорамнина и Западниот Брег, Чавушоглу изјави дека биле поттикнати од неодамнешните погрешки одлуки од страна на САД.
„Израел мора да се откаже од својот агресивен статус и мора да се врати на дводржавното решение“, додаде тој.